Охрид...град што ќе ве однесе на патување низ историјата...


Охрид.Еден од најубавите градови на Балканот и пошироко.Сместен на бреговите на прекрасното Охридско езеро кое плени со својата убавина,некогаш град со 365 цркви по една за секој ден од годината,градот на светлината,градот на историјата.Од 1980 г. е под заштита на УНЕСКО.Археолошките истражувања покажуваат дека Охрид е една од најстарите населби во Европа.Нема некој кој го посетил Охрид и веднаш не се вљубил во него.Дојдете и вие и уверете се во неговата убавина...

Македонија во последно време добива на важност како европска туристичка дестинација,а посебно е позната по Римските и Византиски рушевини,црквите,природната околина и одличната кујна и вино.

 Цената за сместување е 1500 ден/ноќ во периодот 20.08-20.07(вон-сезона),а во периодот 21.07-19.08(сезона) цената е 1700 ден/ноќ.Попуст за пoдолго изнајмување.

Туристичката такса не е вклучена во цената на сместување.Поголема цена за време на зимскиот период за греење.

Најниски цени за сместување во Охрид.Гарантирано!!!!

 Апартманот "Лихнид" се наоѓа на 3 мин.од градскиот плоштад во најстрогиот центар на Охрид.Има 2 соби,може да прими 4 лица,има ТВ,кујна,тоалет и тераса.Греење за зимскиот период.Во близина на апартманот:голем супермаркет,пошта,трговски центар...
 Апартманот"Кирил" се наоѓа на 7-8 мин.пешачење до градскиот плоштад,блиску до познатата плажа Куба Либре.Има 3 соби,2 тераси,може да прими до 6 лица,со ТВ,кујна и тоалет.Парно греење за зимскиот период.
 Цената за сместување е 1800 ден/ноќ во периодот 20.08-20.07(вон-сезона),а во периодот 21.07-19.08(сезона) цената е 2100 ден/ноќ.Попуст за подолго изнајмување.Туристичката такса не е вклучена во цената на сместување.Дополнителни 900 денари на ден за парно греење во зимскиот период.

Најниски цени за сместување во Охрид.Гарантирано!!!

Make a Free Website with Yola.